Останете здрави оваа зима
Грипот (инфлуенца) и КОВИД-19 циркулираат во текот на целата година, но зимата е особено лоша за ширење на болеста.
Вие може да си помогнете да останете здрави со тоа што:
- ќе се вакцинирате против грип и КОВИД-19 што е можно поскоро
- ќе одржувате растојание од 1,5 метар меѓу вас и други луѓе
- ќе ги миете или дезинфикувате рацете често
- ќе ги покривате устата и носот со лактот кога кашлате или кивате
- ќе се тестирате за КОВИД или грип со брз антиген тест (RAT) ако не се чувствувате добро
- ќе носите маска за лице ако имате симптоми
- ќе обезбедите добра вентилација
- ќе останете дома ако сте болни.
Правејќи го ова ќе ви помогне да бидете здрави вие и вашите пријатели, семејството и заедницата.

Што треба да знаете
- Годишна вакцинација против грип се препорачува за сите на возраст од 6 месеци и постари.
- Дополнителни (бустер) дози на вакцината против КОВИД-19 се достапни на секои 12 месеци за луѓе на возраст од 18 години и постари.
- Возрасните од 65 години и постари, и лицата на возраст од 18 до 64 години со сериозно нарушен имунитет, имаат право да примат дополнителна (бустер) доза на вакцината против КОВИД-19 на секои 6 месеци.
- Вакцинацијата против грип и КОВИД-19 може да ја добиете во исто време.
- Вакцинацијата против грип и КОВИД-19 може да ја добиете од вашиот лекар (општ лекар) или од вашиот локален аптекар. Аптекарите можат да дадат вакцини против грип и КОВИД-19 на секого на возраст од 5 години и постар.
- Мнозинството луѓе можат безбедно да закрепнат од грип и КОВИД-19 дома.
- Разговарајте со вашиот доктор за тоа која е најдобрата нега за вас ако оваа зима добиете КОВИД-19 или грип. Тоа ќе ви помогне да добиете најдобра нега - ако и кога ви е потребна. Некои луѓе ги исполнуваат условите за лекови на рецепт кои можат да ги намалат здравствените компликации и потребата од хоспитализација со КОВИД-19 или грип, доколку се земаат веднаш по појавата на симптоми. Дознајте повеќе од вашиот лекар.
- Вашиот лекар е најдоброто лице да ви помогне, ако не ви е добро.

Вакцинација против грип
За да ви се помогне да останете здрави оваа зима, бесплатно вакцинирање против грип е достапно за приоритетните групи кои ги исполнуваат условите.
Тие приоритетни групи вклучуваат:
- деца на возраст од 6 месеци до 5 години
- луѓе на возраст од 65 години и постари
- Абориџини и лица од островите во Теснецот Торес на возраст од 6 месеци и постари
- бремени жени - во која било фаза од бременоста
- лица на возраст од 6 месеци и постари, со здравствени состојби кои ги изложуваат на зголемен ризик од тежок грип и компликации од него.
На децата им е потребна посебна заштита од грип, особено на бебињата и малите деца. Вакцината против грип е исто толку важна како и другите рутински детски вакцини и ќе ги заштити децата од најчестите видови на грип.
Вакцината против грип може да ја примите истовремено со другите вакцини.
Дознајте повеќе информации за вакцините против грип онлајн или разговарајте со вашиот лекар. Ако ви треба преведувач, јавете се на TIS National на тел. 131 450.
Вакцинација против КОВИД
Важно е да бидете во тек со вашите вакцини против КОВИД-19 за да останете здрави оваа зима:
- Сите возрасни имаат право на бустер доза на секои 12 месеци.
- Возрасните од 65 години и постари, и лица на возраст од 18 до 64 години со сериозно нарушен имунитет, имаат право да примат бустер доза на секои 6 месеци.
- Децата на возраст од 5 до 17 години со сериозно нарушен имунитет, имаат право на бустер доза на секои 12 месеци.
- На тинејџерите и децата кои се во добра здравствена состојба не им е потребна бустер доза во 2024 година, поради ретки случаи на тешка болест и високото ниво на хибриден имунитет кај оваа група.
Вашата следна доза примете ја во локалната аптека или кај лекарот по општа пракса (GP). Најдете ги во ваша близина користејќи Vaccine Clinic Finder (Пронаоѓач на клиника за .